Фудбалерите на Баерн Минхен одиграа нерешено 1:1 со Баер Леверкузен во 25. коло од Бундес лигата.

Баерн Минхен одигра уште еден неубедлив натпревар и остана без победа, откако Баер Леверкузен им ги одзеде бодовите.

Баварците одлично го започнаа натпреварот и поведоа во 18. минута кога мрежата на „фармацевтите“ ја затресе дефанзивецот Никлас Суле.

Беше постигнат уште еден гол во првиот дел, за тоа беше одговорен Томас Милер во 36. минута, но не ја уфрли топката во голот на Баер туку во сопствената мрежа за 1:1.

Тоа се случи по центаршут од десното крило, кога Милер се обиде да ја испрати топката во корнер, а таа заврши во нивниот гол .

Баерн продолжи да доминира, го стегна обрачот, вршеше притисок, но сето тоа беше неуспешно. Имаа 69 проценти посед, 18 удари кон голот, од кои 12 од шеснаесетникот, но едноставно не можеа да постигнат гол.

Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт беа многу убедливи во германската престолнина на гостувањето кај Херта и славеа со 4:1.

Стрелци за гостите беа Кнауф во 17. минута, односно Тута во 48. потоа Линдстром 8 минути подоцна и Рафаел Сантос Боре во 63. минута од натпреварот.

За Херта Берлин единствениот гол на натпреварот го постигна Селке .

Бундес лига, 25. коло

сабота
Баерн Минхен – Баер Леверкузен 1:1 (1:1)
Жиле 18 – Милер 36 аг
Лајпциг – Фрајбург 1:1 (0:1)
Анхелино 90 – Демировиќ 38
Херта БСЦ – Ајнтрахт Франкфурт 1:4 (0:1)
Селке 61 – Кнауф 17, Тута 48, Линдстром 56, Боре 63
Волфсбург – Унион Берлин 1:0 (1:0)
Авоини 24 аг
Бохум – Гројтер Фурт 2:1 (1:0)
Леиш 35, Лосила 71 – Кочап 64 аг
18:30 Штутгарт – Борусија Менхенгладбах

Standings provided by SofaScore LiveScore