Екипата на Барселона има план ова лето да го освежи средниот ред, но проблем може да биде финансискиот ферплеј и тоа ѝ задава најголеми главоболки. Изборот падна на фудбалерот од средниот ред на Палмеирас, Рафаел Веига, кој би дошол на „Камп ноу“ само за 15 милиони евра.

Веига веќе дебитираше за репрезентацијата на Бразил, и тоа на пријателскиот натпревар против Мароко. За екипата на Палмеирас оваа сезона одигра 23 натпревари, постигна 8 гола и запиша 10 асистенции.

Неговиот договор со Палмеирас истекува во 2026 година.