Најдобриот стрелец по првата фаза на ЕП 2024, Грузиецот Јоргос Микаутадзе (23), е пред трансфер од соништата. Има најави дека кариерата ќе ја продолжи во дресот на француски Монако.
Тој нема да ја менува државата, бидејќи до сега играше за екипата на францускиот Мец, но ќе го има најголемиот предизвик во кариерата, најмногу благодарение на игрите на ЕП во Германија каде блескаат Грузијците, кои дебито на континенталниот собир го зачинија со пласман во нокаут-фазата. Микаутадзе е еден од најзаслужните за пробивот на Грузија во осминафиналето со трите постигнати гола досега, од кои два беа од пенал.