На вчерашниот натпревар меѓу екипите на Атлетик Билбао и Барселона, каталонците загубија двајца клучни играчи од средниот ред поради повреди, Педри и Де Јонг.
Во текот на првото полувреме Де Јонг и Педри излегоа поради повреди. Педри дури и плачеше и при излегувањето и кога седеше на клупата.
Уште нема конкретни информации за повредата, но првичните не се добри.
„Повредите на Педри и Де Јонг не изгледаат добро, за жал се чини дека се сериозни“, рече Чави.
„Тажни сме, мислам дека ќе бидеме без нив некое време“.