Екипата на актуелниот шампион Наполи славеше во дербито против Јувентус со 2-1 во 27. коло од италијанската Серија А и остана во трката за позициите кои водат во европските купови.
Кварацхелија во 42. минута го матира Шчесни и донесе водство од 1-0 на Наполи, по што Кјеза во 81. минута изедначи за 1-1.
https://twitter.com/i/status/1764387688461791323
Наполи имаше шанса од пенал да се врати во водство, но Осимен промаши од белата точка, меѓутоа одбиената топка стигна до Распадори кој ја затресе мрежата на голманот на „Старата дама“.
https://twitter.com/i/status/1764401666600718585
https://twitter.com/i/status/1764403274038292769
Интер е прв во Серија А со 69 бодови, по што следи Јувентус со 57, додека Наполи е на седмата позиција со 43 бода.