Хеунг Мин Сон игра во неверојатна форма цела сезона и заедно со Хари Кејн се најзаслужни што Тотенхем се уште е во игра за топ четири пласман во Премиер лигата.
Кореецот го режираше најубавиот потег на средбата во Северен Лондон, а со истиот го завери триумфот и ги потврди трите бода за составот предводен од Антонио Конте.
Сон најпрво елегантно се ослободи од своите чувари, а во продолжение од акцијата повторно ја побара топката и испрати неодбранлив удар со својата послаба лева нога.
Асистенет на погодокот за 3:0 беше Кулушевски, но играчот со македонско потекло беше асистент и на првиот гол кој го постигна Сон за водство од 2:0. Претходно, во првиот дел, Кејн погоди за 1:0, додека почесниот гол за Лестер беше дело на Ихеаначо во судиското продолжение (3:1).