Ристовски отпадна поради повреда на стапалото здобиена уште на мечот за Динамо со Шибеник, кога со Динамо Загреб стигнаа до нова шампионска титула, додека Ракип поради приватни причини е ослободен од обврските.
Од претходно, кога селекторот Благоја Милевски го објави списокот, на него го нема Аријан Адеми и Адис Јаховиќ, кои се одлободени од обврските поради напорната сезона и честите повреди.
„Ристовски има контузија на стапалото, станува збор за сериозна повреда во моментов, иако деталните снимки покажаа дека нема скршеница, но има оток и дополнително ќе прави нови снимки, но мора да паузира“, рече Милевски.
Енис Барди, кој беше капитен во ноември во Ерменија ќе биде капитенот во овој циклус во отсуство на Ристовски.
Селекторот објави дека нема да повикува нови фудбалери и дека овие се доволни за овој циклус.