Ветеранот Златан Ибрахимовиќ вчера имаше операција на лигаментите на коленото поради што ќе мора да паузира 7-8 месеци. Популарниот Ибра денеска се огласи на „Инстаграм“ и ги опиша последните шест месеци како вистинско мачење.
Голгетерот кој има 40 години играл со неверојатни болки, речиси и да не можел да спие, но секогаш останал фокусиран на една цел, Милан да биде шампион на Италија.
„Изминативе шест месеци играв без лигаменти во моето колено. Потечено колено шест месеци. Со тимот тренирав само 10 пати последниве шест месеци. Примив повеќе од 20 инјекции. Го празнев коленото по еднаш неделно. Пиев апчиња против болки шест месеци. Речиси и да не можев да спијам од болката. Никогаш не сум пател толку многу на теренот и надвор од него. Направив нешто невозможно во возможно. Во мојот ум имав само една цел, да ги направам моите соиграчи и тренерот шампиони на Италија, бидејќи претходно им го ветив тоа. Денеска имам нови лигаменти и уште еден трофеј“, напиша Ибрахимовиќ.