Милан ја забележа четвртата победа по ред во сите натпреварувања, овојпат ја совлада Аталанта со 2-0, Златан Ибрахимовиќ конечно заигра на еден натпревар.

Уште поважно за навивачите на Милан е враќањето на голманот, Мајк Мањан кој првпат беше меѓу стативите по паузата поради повреда.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога Тео Ернандез со спектакуларен волеј од далечина, ја погоди стативата, а потоа од грбот на голманот Муса се одби и заврши во мрежата.

 

Аталанта не упати ниту еден удар кон голот на Милан во првото полувреме, па и тоа кажува многу за доминацијата на росонерите.

Во 86. минута Месијас по асистенција од Рафаел Леао постигна гол за конечна победа од 2-0.

 

Златан Ибрахимовиќ во игра влезе во 74. минута од натпреварот. Tој стана најстариот играч на Милан во Серија А, сега има 41 година и 146 дена, претходниот рекорд го држеше Алесандро Костакурта кој последен пат играше на 41 година и 25 дена.