Динамо Загреб е на пат кон нова шампионска титула во Хрватска откако на „Максимир“ го здроби Хајдук Сплит со 4-0. Сега „сините“ имаат предност од 11 бода на врвот на табелата.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше стрелец на првиот гол за Динамо, а потоа погодија и Мартин Батурина и двапати Лука Иванушец. Адеми беше и асистент на вториот гол што го постигна Батурина.
Македонскиот репрезентативец дојде до шест гола и три асистенции во сите натпреварувања сезонава за загрепчани.
Динамо со триумфот е на вистинскиот пат до својата 24-та шампионска титула во неверојатната доминација во хрватскиот фудбал започната од сезоната 2005/06 наваму и во овој 18-годишен период, само Риека во 2016/17 успеа да освои шампионска круна