Шпанската фудбалска легенда Чави Ернандес ја заврши тренерската кариера во шпанскиот прволигаш Барселона и тоа со победа против Севилја на „Рамос Санчез Писхуан“.
Оваа ситуација дефинитивно остави лоша слика за клубот, водечките луѓе кои Ернандес не сакаше да ги нападне, иако имаше простор за тоа по се што се случуваше во изминатиов период затоа што беше казнет од истите само затоа што беше искрен за некои работи.
Шпанецот останува легенда на Барса и не ја затвара вратата во иднина одново да го води клубот на неговиот живот.
-Да, би сакал да се вратам, зошто да не? Барселона е клубот на мојот живот. Уживав во ова искуство – исто така страдав, се разбира. Но, сакам да бидам во овој клуб и да работам за него.
-Јас сум добро. Минатата недела беше тешко, но совеста ми е многу чиста. Горд сум и среќен. Кога стигнавме овде, знаевме дека е тешко време за клубот и мислам дека можеме да бидеме горди на работата што ја направивме, -порача 44-годишниот стручњак.