Македонецот Љупче Дориев игра во извонредна форма во дресот на узбекистанската Согдиана во изминатиов период, односно е во одлична гол серија која ја продолжи и на дуелот со Бунјодкор.
Домаќините беа убедливи и славеа со 4-0 во пресметката во која македонскиот интернационалец беше автор на два голови. Офанзивецот го отвори резултатот во 11 минута, а потоа и го зголеми водството во 39 минута.
На последните четири средби Дориев има постигнато шест гола или вкупно досега има седум на осумте меча во првата лига на Узбекистан.
Согдиана со 14 бода е на 5. место на табелата.