Флорентино Перез е симбол за усшено раковедење и менаџирање на еден клуб, бидејќи искусниот фудбалски работник успева да извлече профит и кога станува збор за ситуации кои на прв момент изгледаат доста нерезонски.
Како што јавува угледната „Марка“, Реал Мадрид ќе ја прекине соработката со „Ауди“ после цели 19 години, а соработката која траеше од 2003-та година ќе биде збогатена со договор со уште поголем автомобилистички гигант.
Според изворите на добро упатениот медиум, еден од главните спонзори на Реал Мадрид во новата сезона ќе биде „БМВ“, баварскиот велика кој е водечки европски продавач на автомобили од највисока класа, пред Ауди, Лексус и Мерцедес.
Идејата е Реал Мадрид да го претстави новиот спонзор наредната недела, а според проценките на „Марка“, „БМВ“ ќе има важна маркетиншка улога и при отворањето на подновениот „Сантијаго Бернабеу“.