Аргентинската ѕвезда Лионел Меси вчера го прослави 35. роденден, во летна атмосфера во хотел на островот Ибица во друштво на најблиските пријатели.

Меси и сопругата Антонела беа во друштво на Луис Суарез, Цеск Фабрегас и Жорди Алба и нивните сопруги. Овие пријателства датираат уште од периодот кога имаа прекрасни заеднички мигови во Барселона.

Меси од минатото лето е дел од ПСЖ, откако Барселона немаше финансиски средства да го комплетира продолжувањето на неговиот договор.