Англискиот и европски првак Манчестер Сити оствари сигурна победа на „Итихад“ против Астон Вила, ја победи со 4-1. Тимот на Пеп Гвардиола на овој дуел настапи без Ерлинг Халанд, но затоа во елемент беше Фил Фоден кој постигна хет-трик.
Родри го отвори резултатот во 11.минута, но израмни Џон Дуран само девет минути подоцна.
Во финишот на првиот дел, Фил Фоден постигна гол од слободен удар и се погрижи Сити да замине на одмор со предност.
Во второто полувреме, Фоден постигна уште два гола и донесе убедлив триумф за „граѓаните“.
Гвардиола ја искористи надмоќта на своите играчи за да ги одмори Халанд и Де Брујне кои воопшто не влегоа во игра.
Арсенал сега е лидер на табелата со 68 бода, зад него се Ливерпул и Сити со бод помалку, но „црвените“ од Енфилд имаат меч помалку – утрешниот против Шефилд Јунајтед.