„Како што пред речиси 70 години направивме одлучувачки чекор за историјата на фудбалот со создавањето на Купот на шампионите, денес повторно имаме должност и одговорност да му дадеме нов импулс на европскиот фудбал кој му е очајно потребен“, рече Перез.
Како ќе изгледа Суперлигата?
Концептот на Суперлигата се уште не е целосно дефиниран, но шпанските медиуми „Марка“ и „Мундо Депортиво“ објавија некои детали. „Марка“ пишува дека планот е Суперлигата да биде отворена, што го кажа и Перез, а во неа да играат 60 клубови во различни рангови.
Перез исто така истакна дека Суперлигата ќе биде „компатибилна со националните првенства“, што веројатно значи дека клубовите би можеле да се квалификуваат за неа преку нивните домашни првенства. За споменатата бројка од 60 клубови веќе се разговараше во текот на годината, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот весник додава дека Реал Мадрид и Барселона ќе добијат финансиска инјекција од по една милијарда евра бидејќи тие се единствените основачи и носители на проектот. Бројни инвеститори сакаат да инвестираат во конкуренцијата за таа да започне што побрзо. Основачите на Суперлигата истакнаа и дека преносите на натпреварите ќе бидат бесплатни.