Манчестер сити веќе обезбеди две големи засилувања во нападот за следната сезона, а тоа се Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Хулијан Алаварез од Ривер Плејт.
Првиот човек на англискиот шампион Калдун ал Мубарак вели дека летово ќе има уште нови играчи на „Итихад“.
„Можам да потврдам дека летово ќе доведеме уште засилувања. Во Халанд ја имаме најдобрата деветка во светот, а во Хулијан Алварез еден од најголемите таленти од Јужна Америка и ќе има уште нови играчи“, изјави Мубарак.
Менаџерот Пеп Гвардиола се очекува да бара нови засилувања во средниот ред како замена за Фернандињо, кој си заминува, но и нов лев бек, како подршка за Олександр Зинченко. На оваа позиција повеќе не може да смета на Бенжамин Менди, кој е во притвор поради седум обвиненија за сексуален напад.