Унион Санта Фе го изненади гигантот Бока јуниорс во драматичен меч на култната „Ла Бомбонера“, а кулминацијата се случи во 105 минута во долгото судиско продолжение.
При резултат 1:1 во 101 минута беше досуден пенал за гостите и во првиот обид Хавиер Гарсија, голманот на Бока го одбрани ударот.
Судијата означи крај на мечот, но се случи чудо и Унион Санта Фе доби втора шанса. Судијата процени дека Гарсија предвреме го напуштил голот и ја минал гол-линијата што не е дозволено, па во повторениот удар Филип Тројански погоди во 105 минута за победа на гостите од 2:1.
.По мечот имаше инцидент на терен меѓу домашните и гостинските играчи, а со победата од 2:1 Унион Санта Фе ја расипа прославата на 44. роденден на легендата на Бока јуниорс, Хуан Роман Рикелме.