Денвер Нагетс ја имаат втората најдолга победничка серија, Никола Јокиќ ја предводеше со исклучително ефикасна партија до победа од 124:95 над Портланд. Повторно беше многу блиску до трипл-дабл со 28 поени, девет скока и девет асистенции, погодувајќи 11 од 17 шута, три тројки и три слободни фрлања.

По натпреварот тој го коментираше големиот фудбалски успех на Србија, која со победата над Португалија се пласираше на Светското првенство во Катар следната година.

„Не гледав, но следев. Секоја чест момци, голем успех е да се претставува нашата земја на едно вакво големо натпреварување. Драго ми е што повторно сме на големо натпреварување“, рече тој на прашањето на српски новинар на прес-конференција.

Резултати од останатите натпревари:
ЛА Лејкерс – Сан Антонио 114:106
Атланта – Милвоки 120:100
Хјустон – Феникс 89: 115
Оклахома Сити – Бруклин 96: 120
Шарлот – Голден Стејт 106: 102
ЈЛА Клиперс – Чикаго 90:100