Ден по сензационалниот триумф во Лисабон, српските медиуми ја величаат победата на Србија (2:1) над Португалија која ги однесе директно на Светското првенство.
Телеграф со наслов „Плачи Роналдо, Србија оди на СП! Херојот Митар го замолкна Лисабон во 90. минута!“ пишува дека ова е една од најголемите победи во историјата на српскиот фудбал.„Истиот извор додава:“ Кристијано Роналдо, еден од најголемите фудбалери на денешницата, остана во неверување“.
Блиц со наслов “Орли, цареви! Србија оди на Светско првенство! Роналдо мора да оди на рехабилитација, а Александар Митровиќ е национален херој!” пишува: „Конечно – за историја, за чест, за гордост на целата нација! Србија ја победи Португалија во Лисабон со 2:1 во последен момент, кога Александар Митровиќ покажа зошто е во добра форма оваа сезона, како и зошто е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Србија!
Од вечерва во фудбалските книги со златни букви треба да биде запишана приказната како една Србија го победи поранешниот европски првак и му покажа на Кристијано Роналдо како се оди на Мундијалот. Не со објавите на Инстаграм, туку со желбата и фамозниот српски инает. Дотогаш ви благодарам многу и се гледаме во Катар! Можеби! “