Џирона долго имаше водство на гостувањето кај Бетис во 18. коло од Шпанската Примера, но домашниот тим во самиот финиш успеа да дојде до израмнување и натпреварот заврши 1-1 (0-1).

 

Џирона дојде во водство во првото полувреме преку Украинецот Артем Довбик, кој реализира пенал во 36. минута, а минималното водство гостите го задржаа и на паузата (0-1). Вторите 45 минути донесоа голема борба на теренот, а Бетис не се откажуваше лесно и притискаше со сите сили да дојде барем до израмнувачки погодок.

Домашните навивачи френетично ги поддржаа своите миленици, кои возвратија на најдобар можен начин кога Пецела успеа да го матира гостинскиот голман и израмни на 1-1 во 88. минута. Завршните минути донесоа уште по една шанса на двете страни, но сепак конечниот резултат на крајот остана 1-1. Џирона го загуби лидерското место во Примера, има 45 бодови, колку и Реал Мадрид ,  но послаба гол разлика, додека Бетис останува на седмото место со 28 бода.

Кадиз и Реал Сосиедад ги поделија бодовите во ремито, кое заврши со (0-0). Гостите од Сан Себастијан имаа повеќе од играта, но не успеаја да го скршат жилавиот домаќин и остануваат на шестото место во Примера со 31 бод.