Бохум го изненади Баерн во натпреварот од 22. коло на германската Бундес лига и победи на домашен терен со убедливи 4:2. Баварците во моментов се водечки тим во лигата, а Бохум по оваа победа е само 13-ти на првенствената табела, но на теренот не изгледаше така.
Почетокот на натпреварот навести дека овој натпревар може да заврши со убедлива победа на Баерн. Веќе во 9. минута мрежата на Бохум ја пронајде Роберт Левандовски, но потоа Бохум се разбуди и до крајот на првото полувреме со страшна доминација го збриша Баерн од теренот.
За Бохум погодија по ред: Кристофер Антви-Аџеи во 18. минута, Јирген Локадија во 38. минута од пенал, Кристијан Гамбоа во 40. минута и Герит Холтман во 44. минута. Баерн до крајот на натпреварот успеа само да го намали поразот со новиот гол на Левандовски во 75. минута од средбата.