Германците одиграа ефикасно 22. коло во Бундеслигата, а најголемото изненадување го направи Бохум кој славеше против шампионот Баерн Минхен со 4-2, додека до важен триумф стигна и Волфсбург на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт (2-0).
Баерн го постигна првиот гол на мечот преку Левандовски, но потоа следеше шок и четири гола на Бохум до крајот на првиот дел за убедливо водство од 4-1. Стрелци на погодоците за домаќините беа Антви-Аџej, Локадиа, Гамбоа и Холтман.
Гостите доминираа на теренот во второто полувреме и создадоа дури 16 шанси, меѓутоа само една од нив беше искористена преку полскиот напаѓач, кој намали на 2-4.
Волфсбург освои важни три бода на гостувањето кај опасниот ривал Ајнтрахт Франкфурт со победа од 2-0, а головите беа дело на Крузе од пенал во 28. минута, додека Лукебакио го потврди триумфот во судиското надополнување.
Останати резултати:
Борусија Менхенгладбах – Аугсбург 3-2
Фрајбург – Мајнц 1-1
Гројтер Фирт – Херта 2-1