Повремениот македонски репрезентативец, Валон Етеми постигна убав и атрактивен гол во победата на Коњаспор над Пендикспор во првата лига на Турција.
Етеми доби шанса од клупата, влезе како резерва но тоа не му пречеше во 73 минута да изведе мајсторија и со одмерен удар да ги осигура трите бода за неговиот тим (2-0).
https://twitter.com/i/status/1764283732754628836
Ова за Валон беше прв гол во дресот на Коњаспор во шампионатот. Со 31 бод овој тим се наоѓа на 13 место на табелата.