Жоржињо, фудбалерот од средниот ред на Челзи и италијански репрезентативец, сака да се врати во италијанската Серија А. Фудбалерот веќе го известил тренерот Томас Тухел и раководството на лондонскиот клуб за својата намера, објави новинарот Николо Шира.
Договорот на играчот од средниот ред со лондончани истекува во летото 2023 година и „сините“ не можат да се договорат за нов договор. Во Италија се пишува дека Јувентус е заинтересиран за Жоржињо.