Натпреварот во Фиренца помеѓу екипите на Фиорентина и Интер е прекинат и нема да продолжи вечерва и дополнително федерацијата ќе одлучи кога ќе се доигра. Иако гледачите уште се на стадионот „Артемио Франки“, сепак веста е официјална и фудбалерите на двете екипи нема да се вратат на теренот. До моментот на прекинот резултатот беше 0-0, а оправдано беше поништен голот на Лаутаро Мартинез.

Во 15. минута од натпреварот фудбалерот на домашната екипа Едоардо Бове колабираше на тревникот.

Страшното видео погледнете го ТУКА

Фудбалерите на двете екипи веднаш направија „жив ѕид“ околу него, додека медицинските тимови му ја даваа првата помош. Потоа на носилка беше пренесен во возило за Брза помош и пренесен во болница. Последните информации се дека Бове е свесен и самостојно дише.