Екипата на Ливерпул во период од неколку дена ги совлада двата најдобри тимови во Европа во последните неколку години. По триумфот над Реал Мадрид, денеска во Премиер лигата го надигра и го победи Манчестер Сити.

На „Енфилд Роуд“ се одигра уште еден брилијантен фудбалски натпревар од избраниците на Арне Слот, кои го надиграа тимот на Пеп Гвардиола и ја продолжија агонијата на Сити.

Гвардиола и неговиот Сити го претрпеа шестиот пораз на последните седум меча во сите натпреварувања, а овој можеше да биде и далеку поубедлив.

Ливерпул доминираше, не искористи безброј шанси за уште поубедлив триумф, па актуелниот шампион избегна катастрофа на „Енфилд Роуд“.

Човек на одлука повторно беше египетскиот ас Мохамед Салах кој најпрво мајсторски асистираше до Гакпо за 1:0 во првиот дел, а потоа ја презеде одговорноста и го изведе пеналот за 2:0 кој го изнуди колумбиецот Луис Дијаз.

Со оваа победа, Ливерпул се зацврсти на првото место на табелата во Премиер лигата, па по 13 одиграни кола има неверојатна предност пред Сити од 11 бодови.

Само головите можете да ги погледнете ТУКА.