Екипата на Челси со 3-2 славеше на гости кај Нотингем форест кој теоретски уште нема обезбедено опстанок во Премиер лигата, но реално веќе го направи тоа.
Челси тргна одлично, поведе со голот на Мудрик уште во осмата минута од натпреварот. Но осум минути подоцна Боли изедначи на 1-1.
Тој резултат беше актуелен до 75. минута кога поранешниот играч на Челси, Хадсон-Одои постигна гол за водство на Нотингем форест од 2-1.
Челси брзо изедначи, во 80. минута гол даде Стерлинг за израмнување на 2-2, а две минути подоцна погоди и Џексон за комплетен пресврт и победа на сините од 3-2.