Баерн ги освои бодовите, но и ги сочува силите за мега-пресметката со ПСЖ во вторник на стартот на осминафиналната рунда во ЛШ. Томас Милер во првиот дел и Кингсли Коман и Серж Гнабри во вториот дел обезбедија сигурна и убедлива победа за 12-ти сезонски триумф и 43 бода на контото.

Баварците имаат три бода предност пред Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд триумфира  против Вердер со 2-0 на гостувањето во Бремен, и држи чекор со лидерот Баерн.

Беноа Гитенс во 67-та ја најави, а Јулијан Брандт пет минути пред крајот ја запечати победата за петти триумф во низа на „милионерите“. Тие сега го прескокнаа Унион Берлин, кој има меч помалку.

Фрајбург го победи Штутгарт со 2-1 и тоа со пресврт и се зацврсти на четвртото место, Мајнц славеше со 3-1 над Аугсбург, а со ист резултат се радуваше и Баер Леверкузен на гостувањето кај ужасниот Хофенхајм.

Дербито на денот е РБ Лајпциг против Унион Берлин.