Мадридскиот великан оваа сезона во ЛШ, на патот до титулата ги победи сите главни кандидати за круната, од ПСЖ во осминафиналето, преку европскиот првак Челси во четвртфиналето, па англискиот првак Манчестер сити во полуфиналето, сите после невидени трилери и на крај вчера против Ливерпул во финалето во Париз.
Според пресметките безмалку 140 милиони евра заработи Реал од оваа сезона и тоа врз база на настапите во ЛШ сезонава, а само победата во финалето им донесе 22,69 милиони евра, а тука се парите за учество, освоените бодови, наградите за секој пласман по групите во елиминациите, но и големиот бонус за историскиот коефициент во изминативе десет години.
Кога сѐ ќе се собере излегува приход од 136,65 милиони евра, со дополнителни четири милиони евра што ќе ги добијат за учеството на Светското клупско првенство.
Ливерпул како европски вицепрвак ќе заработи 110 милиони евра, а сите останати ќе бидат под трицифрена милионска награда, но со огромни заработувачки.
Колку за споредба Ајнтрахт за освоениот трофеј во Лига Европа ќе заработи до 40 милиони евра, а Рома двојно помалку.