Поранешниот европски првак Нотингем Форест со минимални 1-0 славеше против Хадерсфилд во финалниот плејоф натпревар за влез во Премиерлигата што денеска се одигра на „Вембли“ во Лондон.
Единствениот гол на натпреварот беше автогол, а несреќникот за Хадерсфилд беше Леви Колвил во 43.минута. Поранешниот двократен освојувач на Лигата на шампиони (Европскиот Куп) Нотингем Форест се враќа во англиската елита за прв пат по 1999 година.
Овој финален бараж најчесто се нарекува најскапиот натпревар во фудбалот, бидејќи на тимот што ќе се пласира во Премиерлигата му се загарантирани најмалку 90 милиони фунти од тв-правата.