Францускиот првак Пари Сен Жермен оствари триумф (3-1) над Мец и со пет бода предност пред Ница ќе ја стартува 2024 година, во трката за нова шампионска титула во Франција. Килијан Мбапе на најдобар можен начин го прослави 25. роденден, постигнувајќи два гола на овој натпревар.

Првакот на Франција, Пари Сен Жермен ќе презими како лидер и веројатно есенски првак во Лига 1. По пропуштената победа во Лил во неделата, екипата на Луис Енрике Мартинез Гарсија лесно се справи со Мец  во дуелот од 17. коло на Лига 1. Творец на победата и двоен стрелец беше Килијан Мбапе, а меѓу стрелците се запиша и Витиња.

 

Големи три бода во борбата за опстанок запиша Лион, кој по двојната тренерска смена конечно врза две победи по ред. Седумкратниот првак на Франција на домашен терен го совлада Нант со 1-0 (0-0), а голот вреден три бода го постигна Лаказет во 49. минута.

Џенаро Гатузо и Олимпик Марсеј годината ја завршија со гостинско реми во Монпелје (1-1). Домаќините поведоа со голот на Фајад, а Џордан Верету го спаси поранешниот европски првак од пораз. Три бода на домашен терен освои есенскиот хит Ница, која пред своите гледачи го надигра Ленс со 2-0, Терем Мофи со блескава партија ја заокружи супер-успешната есен на „црвено-црните.

Монако е на третата позиција, со седум бода негатива во однос на ПСЖ. „Кнезовите“ на гости го победија Тулуз со 1-2. Висам Бен Једер беше двоен стрелец за Монако.