Тој во Италија пристигна со 16 години како бегалец од Гвинеја, со тешка животна приказна по исчезнувањето на неговиот татко. Сисе настапуваше за тим составен исклучиво од лица кои бараат азил во осмата италијанска лига, каде што беше забележан од скаутите на тимот од Бергамо. Пред еден месец потпиша договор со младинската академија на Аталанта, за набрзо да биде прекомандуван во првиот тим, каде што прво преседе на клупата во ремито против Џенова (0-0), за да добие шанса од 65. минута на синоќешната пресметка со Болоња.
Само 17 минути по дебито, Сисе ја погоди противничката мрежа, потврдувајќи го својот раскошен талент. Со тоа, тој уште еднаш потврди дека во фудбалот како и во животот се е возможно, па така во само еден месец од аматер кој игра рекреативно во осмата лига да се стане во херој на екипа која во последно време е во самиот врв на италијанскиот фудбал.