Тој дојде од Арсенал како слободен играч откако премиерлигашот го раскина договорот. Голгетерот иако беше капитен на „топчиите“ имаше големи несогласувања со менаџерот Микел Артета и беше суспендиран.
Сега во каталонскиот дрес буквално се препороди и покажува зошто своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи на светот. Синоќа во победата од 4-0 на гостувањето кај Реал Мадрид, Габонецот постигна два гола и имаше една асистенција. По натпреварот на социјалните мрежи упати порака до оние кои мислеа дека неговата кариера е завршена.
„Здраво од истрошениот фудбалер“, напиша Обамејанг крај фотографијата со прославата на голот во стилот на популарниот анимиран филм „Драгон Бол“ .
Обамејанг сезонава има одиграно седум натпревари за Барселона во Ла Лига и седум постигнати голови.