Откако сапуницата за љубовниот живот на Мауро Икарди и Ванда Нара траеше речиси цела есен, напаѓачот на ПСЖ и неговата сопруга/менаџер повторно живеат во мир и хармонија и постојано објавуваат фотографии на кои разменуваат нежности.
Сепак, аргентинските медиуми наведуваат дека се појавил нов проблем. Овој пат во центарот на вниманието беше телохранителот на Ванда, Агустин Лонгеира.
Според пишувањата на медиумите, на прашањето на својот Инстаграм дали му се допаѓа Ванда, тој одговорил: „Ја сакам“.
Покрај тоа, на прашањето дали некогаш би бил со мажена жена, тој додал дека не постои маж кој не би сакал да биде со Ванда.
Икарди бил многу вознемирен од ваквите коментари и веднаш го отпуштил телохранителот.