САД и Велс во третиот натпревар во денот на Светското првенство во Катар ремизираа 1:1 во интересен дуел кој беше неизвесен до последните секунди .
Герет Бејл уште еднаш беше велшкиот спасител, доби пенал и го реализираше, со што и донесе бод на својата репрезентација.
„Немаше сомнеж во мојот ум, почувствував дека морам да преземам одговорност и среќен сум што го направив тоа“.
Селекторот на Велс, Роб Пејџ, не се сомневаше кој ќе го изведе пеналот. ,
,,Изборот од милион проценти беше Бејл. Тој никогаш не би нè изневерил“.
Бејл е свесен дека првото полувреме беше слабо од велшка страна.
„Првото полувреме не беше добро. Тие играа навистина добро, а ние одигравме слабо. Сменивме некои работи на паузата, бевме поттикнати од влегувањето на Мур, излеговме борбени и од почетокот на вториот дел изгледаше дека можеме и до победа“.
Уште еднаш покажавме карактер“, додаде Бејл.