Французинот Калулу во Милан пристигна без помпа , и тоа од Б – тимот на Лион за само 1,3 милиони евра. Сега Милан би можел да заработи на него вистинско богатство, и да го продаде за фантастични 50 милиони евра.
Стоперот на „росонерите“, Пјер Калулу, е цел на три англиски премиерлигаши, Њукасл, Тотенхем и Челси. Сите три тима би платиле 50 милиони евра за францускиот интернационалец, но прашање е само каква одлука ќе донесе 22-годишниот фудбалер.
Ова дефинитивно ќе биде еден од најдобрите потези на Паоло Малдини откако стана спортски директор на Милан.