Реал Мадрид се врати во победнички ритам откако изненадувачки загуби од Лил во Лигата на шампионите. „Кралевите“ го победија Вилјареал со 2-0 и се израмнија со Барселона на врвот на табелата, со тоа што Барселона допрва треба да го одигра мечот од ова коло.

Федерико Валверде во 14.минута со удар од далечина го отвори резултатот, а триумфот го потврди Винисиус Жуниор кој исто така постигна маестрален гол со проектил од 20 метри.

 

Победата падна во сенка поради тешката повреда на Дани Карвахал пред самиот крај на мечот, се чини дека дефанзивецот ги скина лигаментите на коленото.