Екипата на Интер ја оствари четвртата победа во Серија А оваа сезона откако на „Џузепе Меаца“ го совлада Торино со 3-2. Херој на миланезите беше Маркус Турам кој постигна хет-трик.
Торино од 20.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Марипан.
Турам погоди во 25.минута за водство, а десет минути подоцна зголеми и на 2-0.
Сепак, Дуван Запата во 36.минута намали на 2-1.
Шампионот на стартот од второто полувреме ја врати сигурната предност, а во фокусот одново беше францускиот ас. Турам во по еден час игра со својот прв хет-трик во дресот на Интер погоди за 3-1, додека конечниот резултат го постави Влашиќ на четири минути до крајот на средбата.