Торински Јувентус се подготвува за зимскиот преоден рок. На тимот на Масимилијано Алегри под итно му требаат засилувања, „бјанконерите“ имаа многу лош старт оваа сезона, дури ни самиот Алегри не е сигурен во својата позиција како прв тренер на „старата дама“.
Kако што пренесува „Калчомеркато“, раководството на клубот влегло во преговори со менаџерот на Кристијан Пулишиќ со цел овој играч да пристигне во Торино во јануари.
Челси бара 35 милиони евра, а Јувентус ќе се обиде да ги спушти барањата на лондонските „сини“.
Пулишиќ досега за Челзи одигра 129 натпревари, постигна 25 гола и забележа 19 асистенции.