„Петлите“ почнаа офанзивно, но противникот ја чекаше шансата и на едноставен начин, во три потези, ја матира нивната одбрана. Стрелец беше Крег Гудвин, а малерот да биде поголем при обидот да го спречи се повреди дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Ернандез, а на негово место влезе неговиот презимењак од Милан, Тео.
Во продолжението на мечот Французите направија комплетен пресврт и со головите на Рабиот и ветеранот Жиру го свртија натпреварот во своја корист, и водат со 2-1 во самиот финиш на првото полувреме.