Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ беше асистент во победата на Гезтепе на домашен терен против Сиваспор (2-1).

Се играше 80. минута кога нашиот интернационалец тргна во контра напад, а потоа додаде до Давид Тијаниќ, кој го постави конечниот резултат.

За Јаховиќ ова е прва асистенција сезаонава, во која постигна четири гола на 21 меч за Гезтепе во турскиот шампионат.

Standings provided by SofaScore LiveScore