Тимот кој раководи со официјалниот Твитер профил на авиокомпанијата „Рајанер“ денеска реши да се пошегува со Шпанија и нивната фудбалска репрезентација, кои Мароко ги испрати дома по пенали.

„Рајанер“ објави фотомонтажа од целиот шпански тим како стои во својот авион и си оди дома.

– Слушнавте за џуџето на полицата, а сега подгответе се за… – напишаа со фотомонтажа.

На англиски, објавата гласи вака: „You’ve listened for elf on the shelf, now ready for…“, а логичното продолжение на реченицата е „Spain on the plane“.

Објавата доби повеќе од 50.000 лајкови.