Валенсија ја совлада Селта со 2-0 на „Месталја“ и на најдобар начин се збогува од фановите оваа сезона во Ла Лига. Тоа беше триумф за „лилјаците“ по подолг период, но во вистински момент.
Максимилијано Гомез во 28.минута го отвори резултатот во корист на домаќинот, а Нестор Араухо по еден час игра постигна автогол поставувајќи го конечниот епилог.