За Кеси има сериозен интерес од уште низа други гиганти, но Барселона е со „врзани раце“ зашто не може премногу да троши поради огромните долгови, па бара сериозни засилувања кои би ги донела бесплатно, а Кеси е еден од нив, зашто на тимот му е неопходен фудбалер со дефанзивни карактеристики кои ќе го разбие противничкото креирање на шанси.
Кеси во моментов може да избира каде сака да замине зашто јасно стави до знаење дека нема да продолжи во Милан, па сега веројатно најпривлечната понуда ќе пресудува каде ќе ја продолжи кариерата.