Грчкиот тенисер Стефанос Циципас лесно и убедливо се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен.
Тој за неполни два часа го победи Италијанецот Јаник Синер и триумфираше со резултат 3:0 (6:3, 6:4, 6 :2).
Во полуфиналето ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Данил Медведев (Русија) и Феликс Огер-Алиасим (Канада) .
За Циципас ова беше најдобриот меч на турнирот, а можеби и од Ролан Гарос лани, кога стигна до финалето и таму загуби од Новак Ѓоковиќ.
Во секој сегмент од играта доминираше против Синер и правеше многу малку грешки, што му даваше шанса да напаѓа се поагресивно .
Сервисот му функционираше перфектно на грчкиот тенисер и тоа му даваше дополнителна сигурност.
Во првите два сета доволно му беше еден брејк разлика, а во третиот Циципас ја пушти раката од сите позиции ,погодууваше и многу брзо го приведе мечот кон крајот.
Со таква игра тој е подготвен да му се спротивстави на секого во борбата за својот прв Грен слем трофеј во кариерата.
Во четврток во второто полуфинале ќе се сретнат Рафаел Надал и Матео Беретини.
https://twitter.com/i/status/1486239593263423489