Американскиот тенисер Френсис Тиафо се пласираше во полуфиналето на УС Опен победувајќи го Русинот Андреј Рубљев со 3-0 во сетови.

Тиафо го совлада Рубљев по нешто повеќе од два и пол часа игра, во сетови – 7:6(3), 7:6(0), 6:4.

Американецот покажа дека победата во четвртфиналето против Рафаел Надал не беше случајност и дека е сериозен кандидат за титулата во Њујорк.

Двајцата тенисери добро сервираа во првиот сет, но имаше брејк топки – Тиафо спаси два во петтиот гем, а потоа промаши една во 11-от.

Потоа успеа да ја спаси сет топката, а во тај-брејкот беше доминантен, губејќи само три поени.

Во вториот сет доминираа сервисите и се виде само едно израмнување, за Рубљев целосно да „потоне“ во тај-брејкот и да го загуби со нула.

Русинот беше блиску и во двата сета, оправдано се надеваше во третиот, но …

Тиафо притисна. Во третиот гем не искористи две брејк топки, но во седмиот ја направи првата – само за првиот брејк во целиот меч.

Со многу проблеми успеа да го потврди брејкотт, спасувајќи две брејк топки, на општо задоволство на полниот стадион „Артур Еш“.

Недолго потоа го совлада Рубљев и заслужено стигна до првото Грен слем полуфинале во кариерата.

Дваесет и четиригодишниот Тиафо во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Синер-Алкарас, додека во вториот меч ќе се сретнат Руд и Хачанов.