Исфрлањето на Новак Ѓоковиќ им направи огромни проблеми на организаторите на првиот Грен слем во сезоната. Челниците на Австралија опен се соочуваат со финансиска загуба по првата натпреварувачка недела, која се проценува на десетици милиони долари.
Поради сето ова, сосема е извесно дека директорот на Австралија опен, Крег Тајли ќе поднесе оставка по завршувањето на турнирот.
Факт е дека капацитетот на сите стадиони во Мелбурн е намален на 50 отсто поради короната, но посетата е катастрофална. Единствениот меч во кој „Род Лејвер Арена“ беше преполна беше оној меѓу Данил Медведев и Ник Киргијос.
Големата српска колонија која живее во Мелбурн по протерувањето на Ѓоковиќ ги откажа билети и бараше враќање на парите, а нивниот пример го следеа Македонците, Полјаците, Ирците …
Англиската компанија „Search Intelligence“ објави дека анализата на трендовите на пребарувачот „Гугл“ дошла до неверојатни податоци – дури 25 отсто повеќе од оние кои бараат како да ги вратат билетите во споредба со оние кои би сакале да купат . Од компанијата велат дека главна причина за тоа е Новак Ѓоковиќ.