Леванте на Енис Барди торпедиран е на домашен терен и го загуби клучниот меч на домашен терен од Кадиз (0-2) и се поизгледно е дека од следната сезона ќе се пресели во Секунда дивизион. Во еден од директните дуели за опстанок, Леванте доживеа нов пораз на домашен терен, а македонскиот репрезентативец Енис Барди играше до 55.минута.

Алваро Негредо во 34.минута постигна гол за водство на Кадиз, а Салви Санчез во 74.минута го потврди триумфот на гостите.На Леванте му претстои тежок и неизвесен период во борба за опстанок во Примера дивизион.