Фудбалерот на Евертон , Алан одигра само две прецизни додавања на мечот со Ливерпул во мечот од Премиер лигата.
Она што е уште поинтересно е што тие две додавања, во 72. минута што ги мина на теренот, беа од центарот – по примен гол и на почетокот на вториот дел.
Тоа доволно говори за фудбалот кој Евертон го одигра против градскиот ривал, а првото полувреме го заврши со само 32 додавања. Дури шест играчи на Ливерпул имаа повеќе од нив во тоа време.
На другата страна брилјираше Тијаго Алкантара, кој имаше само две погрешни додавања од 122 обиди. Целиот тим на Евертон имаше само 94 успешни додавања за целиот натпревар, 26 помалку од Алкантара.
Ливерпул со оваа победа повторно му се доближи на Сити со бод заостанување, а во следното коло гостува кај Њукасл.
Кога е во прашање Евертон, следното коло ќе го дочека во зоната за испаѓање. Барнли претходно славеше и го претекна, а „карамелите“ со меч помалку имаат два бода помалку.